Пејачката Лепа Брена деновиве ги промовира двата закажани концерти во „Штарк Арена“ во Белград.
Пејачката секојдневно гостува во емисии, но и има проби со својот бенд и кореографите.
Српските медиуми пишуваат дека Брена е на сторга исхрана, но и дека започнала со тренинзи за да ја оджрува кондицијата.
Пејачката секојдневно добива комплименти дека ослабела, а таа за „Блиц“ ги потврди овие информации.
„Сите се заслужени, и диетата и тренингот. Морам да признам дека јогата секогаш ми дава правилен став на телото, ми дава душевна релаксација, полесно дишам и функционирам“, вели Брена и додава:
„Јас никогаш не сум правила концерти така што ќе излезам и само ќе пеам. Сакам тоа да биде светска забава на мој начин“.
Инаку, по повод 35 години кариера, Брена ќе одржи два концерти во „Штарк Арена“, на 20 и 21 октомври, а на 15 декември ќе одржи концерт во Скопје.
фото: Митар Митровиќ