Живот и Стил

Секојдневно ја јадеме оваа канцерогена храна

Секојдневно ја јадеме оваа канцерогена храна

Минатата година повеќе од милион ипол луѓе заболеле од некој облик на канцер.

Луѓето престанаа да размислуваат за тоа дали храната која ја јадат содржи канцерогени материи и влијае врз нивното здравје. Сите луѓе јадат, но се поставува прашањето – дали таа храна ги убива?

Еве некои намирници за кои се верува дека содржат канцерогени материи:

1. Преработено бело брашно

После преработка, белото брашно не само што ги губи хранливите материи, туку исто така е избелено со хемискиот гас хлор. Организацијата за заштита на животната средина овој гас го карактеризирала како опасен, иритирачки и потенцијално смртоносен.

2. Пуканки од микробранова печка

Сите сакаат вкусна кеса со пуканки, а онаа од микробранова печка е многу практична. За жал, кесите со пуканки за микробранова печка се обложени со перфлуороктаинска киселина, хемикалија која исто така се наоѓа и во тефлонот.

Истражувањата покажале дека оваа хемикалија може да се поврзе и со неплодноста на жената и зголемен ризик за појава на рак на бубрезите, мочниот меур, црниот дроб и панкреасот.

3. Вештачки засладувачи

Доколку се трудите да го избегнувате шеќерот, ако сте на диета или имате дијабетес, веројатно користите вештачки засладувачи. Меѓутоа, многу истражувања покажале дека луѓето главно се здебелуваат кога ги користат и потешко го контролираат шеќерот во крвта. Дополнителни студии укажале на тоа дека некои од засладувачите во себе содржат токсин кој се нарекува DKP, а кој може да биде причина за тумор на мозокот.

4. Месни преработки

Повеќето месни преработки како виршли, сланини и колбаси содржат прекумерна доза на сол и хемикалии. Некои истражувања покажале дека луѓето кои редовно јадат месни преработки имаат 43% поголеми шанси за прерана смрт.

5. Чипс

Многу луѓе го јадат како ужина, но негативните ефекти далеку го надминуваат краткорочното задоволство. Богат со масти и калории, чипсот може да биде одговорен за разни болести на срцето.

6. Црвено месо

Мали количини на црвено месо во исхраната можат да бидат многу добри за вашето здравје, меѓутоа доколку се конзумира секојдневно, може да го зголеми ризикот од појава на рак.

извор: локално.мк

To top