Софија Вергара изгледа фантастично за нејзината возраст и постојано привлекува комплименти за одржаниот изглед и витката фигура, но таа не е имуна на негативни коментари.
Интернет трол на Instagram ѝ напиша: „Во последно време забележувам дека си имаш направено нешто на твоето лице… не можам да откријам што, но лицето ти изгледа малку поразлично сега.“
„Тоа се вика стареење“ – му напиша ѕвездата од серијата „Modern Family“.