Некогаш млад, надежен фудбалер кој кариерата ја завршил пред и да ја почне заради тешка повреда, а потоа модел и ТВ водител и сега пејач и Јутјубер…
„Мултиталентиран мултипрактик“, што би рекле некои, за ова младо момче. А по таквите како по правило се лепат најубавите девојки во градот, од кои некои му ги припишуваа… Дури и познатите ријалити старлети како Тара Симов на пример, која излезе дека му е само најдобра другарка, зашто Стефан Лазаров ја сака само Марта!
Познатиот македонски јутубер викендов тоа на најдобар начин и го покажа, откако на многу интересна локација ја запроси својата девојка, иако ниту една, веројатно не сонува да биде запросена на фудбалски натпревар! Но, Лазаров не мислеше така. Како голем фан на фудбалскиот клуб Барселона која викендов играше првенствен натревар од Ла Лига против екипата на Елче на „Камп Ноу“, јутјуберот реши да ја почести и однесе својата Марта заедно да ја гледаат Барса во живо.
Арно ама на Лазаров не му било само до Барселона и фудбалот, туку токму на Камп Ноу решил да го заврши ергенскиот живот и да ја запроси неговата долгогодишна девојка која е чест гостин и во неговите Јутјуб видеа кои се многу гледани.
Стефан возбуден бидејќи за прв пат во животот го гледа својот омилен клуб во живо, ама уште повозбуден од чинот кој треба да следува, а таа тоа не го ни насетува. И тогаш во еден момент, како „гром од ведро небо“ за идната вереница, се случува она најсвеченото – моментот на запросувањето.
View this post on Instagram
Идната невеста „шокирана“, па потоа во прегратките на јутјуберот, а „среќниот шокирач“ насмеан и среќен откако таа кажа ДА, додека гледачите наоколу на трибината, со своите мобилни снима и со овации им аплаудира на вљубените свршеници, исто како кога Барса ќе даде гол!
Како изгледала од почеток до крај целата „операција свршувачка со среќен крај“ кој е всушност само нов почеток на една приказна за поинаков, заеднички живот, погледнете од видеото кое самиот „свршеник“ Лазаров го спакувал и споделил на својот Јутјуб канал (Кликни ТУКА). И секако, честитки и од нас до Стефан и Марта!