
Последното нешто што и го понуди на македонската поп сцена беше баладата „Почеток и крај“ компонирана од Александар Масевски, додека видеозаписот за неа кој го направи „Томато продукција“, а истата беше промовирана во февруари годинава.

На спотот тогаш малкумина забележаа дека пејачката е бремена. А сепак беше, што и самата малку подоцна го призна откако Вистина.мк прва објави дека Сања Лефкова е… Вредна и трудна!


Деновиве како што рековме таа на свет го донесе своето второ чедо, кое го доби името Лукас. Второ – па(к) машко…

Сања и Мики се повторно горди родители, а Никола си доби братче… Нека им е со среќа, да е живо и здраво и да има среќно и безгрижно детство!