Легендарниот фолк пејач проговори за хитовите од неговиот нов албум „Два живота“ и за сите актуелни настани од неговиот живот и кариера. Во својот нов албум Саша објави и дует со регионалната поп ѕвезда Јелена Розга. А, песната „Јас и ти“ наиде на позитивни реакции кај публиката.
„Оваа година славиме 20 години кариера. Имам многу работа, но кога човек е добро организиран, секогаш има време за себе. Денот го започнувам во 9 часот, во 11 часот тренирам, па малку вежбам. А, овие денови повеќе сум приврзан за домот “. – вели Саша.
„Се сеќавам кога Шабан доби внука и јас тргнав директно на таа прослава. Спиев до Берлин, мислев дека и во Копенхаген веднаш ќе легнам да спијам. Со бендот се напивме кафе и отидовме до гејтот, а таму ни рекоа: Па, авионот замина за Копенхаген. Авионот бил во 11.30, а тие мислеле дека тогаш е чекирањето. Следниот лет беше во осум навечер. После ова, кога стигнавме три пати ја напуштав прославата, а покојниот Шабан 3 пати ме враќаше, па останав до крај. Да се родам пак, би правел се исто, бидејќи нема подобра работа од нашата“ – изјави Саша Матиќ.
„Го сакам животот! Кога ќе се разбудам наутро не ми недостасува ништо и не слушам лоши вести, имам причина да бидам среќен и задоволен. Сè ме мотивира. Љубовта, музиката, животот, пријателите, семејството. Немам причина да кажам дека не можам повеќе. Не би го променил е изборот на соработници, мислам на мојот тим, на менаџерите. Би го направил овој избор што го имам во последните 11 години. Богатство е кога можам да го исклучам телефонот кога сакам и никој да не ми каже: Еј, си бил исклучен, знам дека работат како часовник и кога јас не сум таму“- призна Саша Матиќ.
фото:принтскрин/инстаграм/sasamatic_official