Саша Ковачевиќ е познат како некој кој многу се грижи за својот изглед, но сега се надмина себеси во тренинзите и обликувањето на мускулите, а една негова колешка се воодушеви премногу од неговиот изглед.
Ковачевиќ објави фотографии од Тајланд, а на нив се гледаат неговите мускули кои се неверојатни. Сале има толку многу плочки на стомакот што може да се избројат.
View this post on Instagram
Инаку, Ковачевиќ годинава ќе наполни 38 години, а слободно може да се каже дека за неговите години ова е невидено издание, бидејќи ни многу помлади мажи не изгледаат како него.
View this post on Instagram
На неговиот изглед не остана имуна и неговата колешка Сандра Африка, па меѓу првите остави коментар со емотикон аплауз за Саша.
„Може да ренда сирење на мускулите… Сале“ , „Какво тело“, „Ти си совршенство“, „Преубав“, „Како да имаш 20 години“, беа само дел од комплиментите кои Ковачевиќ ги доби во коментарите.
Да потсетиме, јавните личности често го заменуваат зимското време со сонце и плажи, а вложуваат и голема сума на егзотични патувања.
Фото: Принтскрин/Инстаграм