Радио Милева никако да каже Да...

Сања Савеска повторно со„лажна узбуна“: Водителката на „Брза кујна“ годинава по втор пат во венчаница, ама никако да стане невеста?! (ВИДЕО)

Сања Савеска повторно со„лажна узбуна“: Водителката на „Брза кујна“ годинава по втор пат во венчаница, ама никако да стане невеста?! (ВИДЕО)

Сања Савеска несомнено се покажа како најдобриот избор до сега за водителката на најзабавното кулинарско ТВ шоу„Брза кујна“, во кое можеби нема полни раце работа, ама затоа има полна уста зборување во секое издание! До душа понакогаш знае и да помогне, патем учејќи ги домаќинските работи од искусните шефови ио секако од вештите гости.

Арно ама кога е оноа вистинското „одомаќинување“ во прашање, шармантната водителка никако да ја видиме како „домаќинка со тапија“. Не дека нема избрано добра партија, напротив, Сања со години е во долга врска, ама никако да застане пред матичар и олтар.

Имено, уште на почетокот на годинава, некаде околу Божиќните празници Сања ја видовме сликана променета во венчаница.

И таман сите се понадеваа дека водителката сака да ја изненади јавноста, а веројатно и израдува пошироката фамилија, излезе дека сите се „јанглаш“!  Водителката навистина изгледа преубаво во невестинскиот фустан, во венчаницата која на Сања Савеска прекрасно и стои, арно ама… излезе дека е само за реклама?!

Водителката кажа ДА ама само за потребите на снимањето промотивна невестинска фотосесија со познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ.

Деновите минуваа, измина речиаси и годината кога Сања Савеска еве ти ја повторно во венчаница! Овој пат белким навистина ќе биде невеста, се израдуваа блиските, пријателите и ТВ гледачите што ја следат и обожаваат, арно ама… Сања Савеска повторно „ги изненади“ со„лажна узбуна“.

Снимката која таа ја објави  на социјалните мрежи веднаш привлече големо внимание, па многумина помислија дека водителката конечно ќе застане на лудиот камен. Арно ама, познатата ТВ дама овој пат не снимала реклама, ама затоа снимала најава во невестинска венчаница, дека токму таа ќе биде домаќинка и водител на престојниот саем за венчавки  “Wedding Expo-Skopje” кој ќе се одржи од  23. до 25. февруари следната 2024 година. Така што,  водителката на „Брза кујна“ годинава по втор пат во венчаница, ама никако да стане невеста?! Така барем вели самата во објавата:

„Традиционално и оваа година се одржува далеку препознатливиот “Саем за Венчавки”. Јас оваа година не облекувам венчаница, но ќе бидам домаќин и водител и ќе уживам во убавината на свадбените декорации и венчаници но и на целосниот гламур на “Wedding Expo-Skopje” од 23-25 февруари“ – напишала Сања.

Или тоа и е само финта, за да ја заташка свадбата? Зашто вели: „…Годинава не облекувам венчаница…“, а годинава кога ќе го води најавениот ивент ќе биде веќе помината. Па кој знае, можеби токму 2024-тата ќе биде годината на одлука Сања Савеска конечно да го каже судбоносното – ДА?

Фото: Инстаграм и Фејсбук/sanja_saveska

 

To top