Албумите со стари фотографиии ни будат стари сеќавања, споемни, не потсетуваат на некои убави моменти и периоди на кои можеби сме подзаборавиле, па не се навраќаат како филм во главата.
На такава сеќавања знаат да се навратат и нашите познати личности и да покажат како изгледале кога биле славни.
Водителката Милена Антовска имаме прилика секој ден да ја гледам на телевизиските екрани во Утринската програма на Канал 5 телевизија.
Освен тоа, Антовска е активна на социјалните мрежи каде што често постира објави од студио, од зад камерите на емисијата, или пак некој приватен момент.
Меѓутоа, овој пат, Антовска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од архива и покажа како изгледала пред неколку години.
Имено, на фотографијата таа има кратка коса, на себе има жолто фустанче во комбинација со сандали.
„Сакав да ги носам овие сандали и сакав да ги носам без оглед на тоа што ми облекла мајка ми. Не постоеа други за мене“, напиша Антовска во „Инстаграм стори“.
Веруваме, дека со оваа фотографија и се вратиле убави спомени од детството.