Пејачката Ријана (33) најави нова колекција долна облека „Savage X Fenty“ која ќе се најде во продажба за Денот на вљубените, а за таа прилика позираше во неверојатно провокативни комбинации. Таа сега ја отвори својата прва продавница во Лас Вегас. Освен долна облека, ќе продава и спортска облека, но и козметика.
„Пред да купите цвеќе, погледнете ја мојата веб-продавница“ – стои на нејзината бренд страница како повик до сите оние кои ќе се одлучат за малку похрабар подарок.
Пејачката, а сега и претприемач, новата колекција ја промовираше разбирливо порво на себе, а нејзиниот атрактивен изглед никого не остави рамнодушен.
View this post on Instagram
Таа позираше во црвено танга трико со длабоко деколте и гол грб.
Дизајнот на тантела го искомбинирала со мрежести најлонски чорапи во иста боја, а целата оваа секси комбинација ја заокружила со црно-црвена фризура.
Ријана – никогаш посекси, како и нејзината нова колекција, која би ја купиле без да зажалите, дури и да немате кому да ја подарите!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/badgalriri