Димитар Андоновски на македонската публика и е познат како пејач и автор, но веќе неколку години сè поактивен е и како композитор на театарска музика.
Дека успешно плови и во овие води, доказ е и тоа што отиде чекор подалоку со компонирање и на филмска музика.
Ова за Диме е остварување на животниот сон, отакако гордо и со право се пофали дека ја работел музиката на филмот „ Денот на жената“ чија промоција се случи во кино „Милениум“.
View this post on Instagram
„Денес сум посебно горд бидејќи ми се оствари животниот сон да компонирам музика за Филм. Денес се одржа премиерата на филмот “Денот на жената”, во режија на Гоце Цветановски. Му благодарам на довербата, задоволството и радоста е голема да си ја слушаш својата музика на големото филмско платно.Се надевам дека ова ќе биде само добар почеток во својата кариера во областа на филмската уметност, пишува Андоновски.
Објавата се најде на неговите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм каде деоби многу допаѓања и коментари со честитки што веруваме дополнително му го наполнија срцето.
Инаку, во 2019 година Димитар ја доби наградата за најдобра музика на 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
фото:Инстаграм принтскрин Димитар Андоновски