Актерката Ева Лонгорија досега не се огласила за смртта на поранешната љубов.
Таа сѐ уште не проговорила за смртта на нејзиниот поранешен сопруг Тајлер Кристофер, што налути добар дел од оние кои ја следат на социјалните мрежи.
Наместо порака посветена нему, таа објави нешто што ја засега само неа.
Својот успех го сподели во магазинот „Time“.
– Благодарност до „Time“ што ме вклучи меѓу другите латино лидери и визионери. Постојано сум инспирирана и мотивирана да продолжам да работам – напиша Ева.
„А што е со Тајлер?“, „Многу грдо, барем кажи еден збор за него“, „Тој беше толку прекрасен човек, но таа не е ништо“, „Треба барем да напишеш нешто за твојот поранешен сопруг“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.
Сепак, иако многумина сега го оспоруваат нејзиниот молк, странските медиуми претходно пишуваа дека Ева наводно била многу загрижена за неговата здравствена состојба,а извор близок до актерката изјавил дека и таа сакала да ја финансира неговата рехабилитација, откако повеќе не можела да го препознае поради зависност од алкохол.
Да потсетиме, актерот Тајлер Кристофер почина на 50-годишна возраст, а тажната вест на својот Инстаграм профил ја сподели неговиот колега Маурис Бенард. Како што напиша, Кристофер починал од срцев удар. Беше драга душа и прекрасен пријател на сите што го познаваа“, изјави актерот и нагласи дека Тајлер Кристофер бил застапник на борбата за ментално здравје и борбата против зависноста. Тој се бореше со биполарна депресија и алкохолизам.
– Повеќе од уништени сме од загубата на нашиот драг пријател и се молиме за неговите деца и татко – напиша тој.
Фото: Принтскрин/