Во годината која полека изминува, на нашата убава поп-пејачка и докторка, Симона Пововска и се случија доста убави работи во приватноста.
Заплови во брачните води со својот сакан Крис Поповски, се вработи во еден центар за убавина, заврши со специјализацијата и го облече белиот мантил, а исто така работеше и на својата музичка кариера.

Неодамна таа ја преработи песната „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ, а токму по тој повод реши да и се врати на старата љубов – виолината.
Малкумина знаат дека Симона покрај тоа што одлично пее, таа свири и на овој инструмент за кој вели дека по пет години пауза повторно се вратила на старата љубов.
Покрај многуте професионални ангажмани, Симона утревечер заедно со уште неколку колеги опд естрадата ќе настапи на „Мел фест“, фестивал кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија
Доколу не сте имале можност да ја слушнете Симона со „паметна и луда“, можете да погледнете од видеото во продолжение: