Мегафон

Организаторот „Виенскиот бал“ во Скопје го одложи за 15 мај

Организаторот „Виенскиот бал“ во Скопје го одложи за 15 мај

По објавените заклучоци, мерки и препораки на македонската влада, со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека одржувањето на 21-то издание на Виенскиот Бал во Скопје се одложува.

Организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус, информира дека одложениот настан ќе се одржи на 15 мај, во хотелот Александар Палас.

Организаторот на Виенскиот Бал во Скопје и покровителот, амбасадата на Република Австрија, ќе ги следат и почитуваат препораките на здравствените власти во интерес на јавното здравје, се вели во соопштението на организаторот.

To top