Оливер Мандиќ е роден во Ужице на 13 јули 1953 година. Тој е познат српски пејач и композитор на поп музика. Беше една од најистакнатите ѕвезди на белградскиот нов бран од првата половина на осумдесеттите.
И покрај мегауспешната соло кариера, во 1991 година, Оливер Мандиќ требаше да стане или подобро речено накратко беше член на белградската рок група „Рибља чорба“. Идејата беше Оливер Мандиќ да стане клавијатурист на бендот, а требаше и креативно да учествува во создавањето на песните за албумот „Лебедова песна“ во половина од нумерите.
Оливер Мандиќ и „Рибља чорба“ дури и го снимија целиот материјал за оваа плоча во Виена на крајот на 1991 година (вклучувајќи ги и песните со музика на Мандиќ, на кои вокалите ги пееше Бора Ѓорѓевиќ), но непосредно пред објавувањето на албумот, Оливер Мандиќ и Бора Ѓорѓевиќ смртно се скараа така што соработката нагло била прекината.
Албумот на „Рибља чорба“ – „Лебедова песна“ навистина се појави на пазарот во 1992 година, но не ги содржеше нумерите чија музика ја напиша Оливер Мандиќ поради судската забрана (ова скратено издание на албумот имаше вкупно осум песни, половина од планираниот број) . Песните на Оливер снимени со „Рибља чорба“ денес се достапни само во форма на пиратски снимки, а поради нивниот квалитет и уникатен звук (невообичаена комбинација на клавијатурите на Оливер и гласот на Бора), тие се високо ценети меѓу колекционерите.
Оливер Мандиќ во текот на деведесеттите (а и нешто подоцна) ќе пишува музика и аранжмани и за познатите српски турбо-фолк ѕвезди… Од нешто мораше да се живее!
Фото: Фаејсбук принтскрин/Oliver Mandić