Одлична салата која совршено оди со сите јадења! Нема име, а е подобра од Руска салата.
СОСТОЈКИ:
- 2 јајца
- 200 гр пченка
- 80 гр кикирики
- 100 мл кисела павлака
- 100 мл мајонез
- вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете ги јајцата и пченката – одделно. Процедете ја водата од пченката, а јајцата изрендајте ги потоа во неа. Додајте павлака и мајонез. Иситнете кикирики на ситни парченца. Измешајте ги состојките и оставете во фрижидер да се излади.
Добар апетит!