Радио Милева талентирана убавица

Никола Којо јавно ја престави најстарата ќерка: Ана и изгледа и пее како ангел (ВИДЕО)

Никола Којо јавно ја престави најстарата ќерка: Ана и изгледа и пее како ангел (ВИДЕО)

Еден од најистакнатите актери во регионот, Никола Којо, живее затскриен семеен живот, а неговото секојдневие го прават поубаво и повесело неговите дами: сопругата Александра и нивните три ќерки – Ана и двете близначки, чии имиња не и се познати на јавноста.

<Минатата година, кон крајот на март и почетокот на април, многу познати српски актери споделија снимки на кои раскажуваат детска поезија и читаат приказни за да нè расположат и да ни помогнат да се справиме со тешката ситуација во која се најдовме заради пандемијата на коронавирусот. Никола Којо, сепак, имаше нешто друго на ум.

Имено, актерот со помош на својата ќерка ја изведе песната „Лепа Јања“, а пред тоа ги поздрави своите Инстаграм следбеници со зборовите:

„Здраво, јас се викам Никола Којо, јас сум актер. Ова е мојата ќерка Ана, најстарата ќерка, мојата прва убов. Ќе биде музичарка ако учи и работи напорно“ – ни откри Којо.

 

„Нема да ви рецитираме детска песна, ќе ви отпееме една тажна љубовна песна, но нема да го пееме тажниот крај затоа што времињата се толку тешки и затоа што веруваме дека сето ова ќе заврши добро и дека сите ќе бидеме здрави и среќни“ – рече  актерот држејќи гитара в раце и пеејќи заедно со својата ќерка.

Неговите следбеници беа воодушевени од талентот на ќеркичката на Никола, која нема само ангелски глас, туку и анггелски лик. Меѓу оние кои ја искористија приликата да им поделат комплименти на семејството Којо беше и фолк пејачот и неговиот имењак, Никола Роквиќ, кој напиша:

„Ти ми ја разубаве вечерта! Прекрасно, ќеркичката пее како ангел“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi)

To top