Момчето на фотографијата е еден од најпрепознатливите уметници на денешницата. Неговата професионална музичка кариера започнала кога имал само пет години, а од година во година се издигнувал како уметник, автор и изведувач чија популарност ги достигнува највисоките граници.
Пресвртница во неговата кариера се смета за 2004 година, кога со композицијата „Лане моје“ победи на републичките избори за претставник на Србија и Црна Гора за „Евросонг“ и го освои второто место во вкупниот пласман на „Евровизија“ со истата песна.
Таа пак како тинејџерка кариерата ја започнала на телевизијата БК во 2001 година, каде водела авторски емисии посветени на филмот „Трејлер“, а потоа и „Блокбастер“.
На интервјуто за работа за БК телевизија, имала неполни 18 години и изгледала мирно, вистинска девојка со собрана коса, врзана во опавче.
Не направила ниту една пластична операција како што тоа го сторија многу нејзини колеги дури и по две породувања, од кое едното со близнаци.
Жељко и Јована Јоксимовиќ се заедно 13 години, од кои девет се во брачна заедница. Имаат три деца, синот Коста и близнаците Срна и Ана.
И двајцата се остварени во своите професии, Жељко какоавтор, музичар и пејач, а од неодамна и сопственик на ТВ медиуми, а Јована како новинарка, уредничка и ТВ водителка.
Фото: АТА имиџис/Фејбук/ Јутјуб/Кариќ компани фемили