Се почести се несогласувањата меѓу членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Овој пат, Марија Шерифовиќ збесна бидејќи Мили ја прикинуваше додека таа даваше коментар за еден кандидат.
-Напредуваше, од нула до шетска, изјави Мили.
-Кога ги делевме кандидатите кај Мили и Снежа, не знам што се случи и како ги распределивте. Народњаците требаше да бидат кај Снежа, а забавњаците кај тебе, порача Поповиќ, а Мили не се согласи.
-Јас претходната година сам подготвив 220 кандидати од кои тројца беа во финале, порача Мили.
-И повторно изгуби, му врати Марија.
-Изгубив од тебе, бидејќи ти на Фејсбук лобираше за кој да се гласа, одгоори Мили.
-Дали си ти нормален?, праша бесно Марија.
-Не сакам дечкото да биде ѕвезда на кафански трилери, одговори Мили.
-Срам да ти е, викаше Марија.
Пејачката ја напушти емисија, а подоцна се врати со даска во раката и им закануваше на Мили и Саша.
фото: Принтскрин/јутуб