Мегафон премиера

Музичко – сценско дело „Игри на животот“

Музичко – сценско дело „Игри на животот“

Премиерната изведба на музичко – сценското дело  „Игри на животот“ ќе се одржи на 26.05.2021, 20.00 часот, во салонот на Македонската опера и балет. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша итн. Кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот. 

Идејата е на Татијана Петрушевска (прва обоа во Национална опера и балет), диригент е Иван Еминовиќрежијата е на Љупка Јакимовска а кореограф е Саша Евтимова. Како солисти ќе настапат: Билјана Јосифов (сопран и Драган Ампов (баритон).

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број! 

To top