Помина една деценија без него… Без нашата најголема ѕвезда, беш нашата музичка легенда, без нашиот ангел Тоше! Во меѓувреме се плетеа разни приказни за тоа што се случи и како се случи тоа рано утро на патот кај Нова Градишка, се коваа разни теории на заговор, осамнаа стотици написи, шпекулации… но ниту една не ја поткрепи вистината со факти.
Набргу по неговото заминување, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ целосно се повлече од шоу бизнисот. Едноставно ја снема, за подоцна да се дознае дека живее во околината на Ниш, дека се занимава со производство на лаванда… Во меѓувреме, а и потоа се плетеа и милон приказни околу неа и нејзините релации со Тоше, со неговото семејство, со фондацијата Проески, со фановите…
Евидентно беше дека Љиљана Петровиќ не се појавуваше на одбележувањето на годишнините од заминувањето на Тоше. Ја немаше ниту на промоцијата на книгата со неговата биографија „Ова не е крај“ на новинарката Соња Алексоска – Неделковска.
Како што родителите на Тоше, Доминика и Никола никогаш не влегле во неговата спомен куќа во Крушево, исто како и Љиљјана Петровиќ по неговото заминување никогаш повеќе не влегла во нивната семејна куќа. Сите тагуваат одделно и не сакаат да се сретнат, бидејќи присуството им прави поголема заедничка болка.
„Немам контакт со неговото семејство, ја затворив таа приказна. Се откажав од сè, секогаш го носам со мене и тоа е доволно за мене. Луѓето мораат да сфатат дека сум дел од животот на Тоше, дадов се од себе, и затоа бевме толку успешни. Со неговото заминување дел од мене отиде“ – изјави неодамна Петровиќ во интервјуто за „Србија Данас“ кое можете да го прочитате во целост подолу и на нашиот портал Вистина.мк.
Но дали сето ова е баш така? Дали некој извртувајќи ја вистината, сака да профитира на туѓата болка? Веднаш по тоа интервју приказната ја демантираше самата Петровиќ на својот Фејсбук профил, тврдејќи дека тоа интервју е измислено од збор до збор и дека никогаш таа не го ни дала.
Дека работите не стојат така како што се пишува уште еднаш ќе потврди самата Петровиќ во интервјуто кое го даде по повод 10 годишнината од смртта на Тоше, неодамна за македонскиот портал „Женски магазин“.
Неколку постирани фотографии на профилот на Љиљана Петровиќ и еден статус од пред некој ден ја потврдија приказната! Имено таму осамнаа фотографии од Крушево и паметникот на Тоше, на кои до душа ја нема неговата менаџерка, но во статусот покрај нив стои: „Од мојата неодамнешна посета на Крушево…“!
Што значи дека менаџерката на Тоше сепак го посетува Крушево и неговиот гроб, а како што и самата вели, во контакт е и со неговото семејство со кое останала во коректни односи!