Промотер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 13:07:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Промотер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бојана, Димитар и Тара се споија во „Лажни светови“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-dimitar-i-tara-se-spoija-vo-lazhni-svetovi-video/ Tue, 05 Mar 2024 09:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341200

Вчеравечер во еден скопски ресторан се случи промоцијата на најновата песна и спот на Бојана Скендеровски насловена „Лажни светови“. Станува збор за балада која е оригинален печат на она што Бојана со години го презентира на македонската музичка сцена и е својствена за нејзиниот музички израз. Дека несебично е поддржувач на колегите од естрадата,  Бојана докажа со тоа што соработуваше со Александар Тарабунов и Димитар Андоновски кои се потпишуваат како авторски тим. Па така, музиката и текстот се на Тара, додека аранжманот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, а пак видеото е во реализација на продукцијата на Бојана и нејзиниот сопруг, Скендеровски. -Вчера ја промовиравме “Лажни светови”Јас сум екипен играч и од се срце му благодарам на мојот тим што учествуваше во создавањето на оваа песна и видео. Благодарам на медиумите кои вчера беа со нас,на сите пријатели кои се радуваат со мене на секој успех…Песната ја има веќе на сите дигитални платформи,и на You tube. Слушнете ја,оставивме парче душа во неа,и ако ви се допаѓа споделете и коментирајте Ви благодарам и да ја славиме македонската музика. Преслушајте како звучат здружените сили на Бојана, Тара и Димитар во „Лажни светови“: фото: Facebook/Bojana Skenderovski]]>

Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ve-nosi-niz-ognot-na-lubovniot-pekol-vo-inferno-video/ Fri, 01 Mar 2024 13:36:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340843

Измина една година од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, по што Наташа Миха се враќа на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото музичко парче, песна во која доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив, песна која беше пуштена во радио етерот и виделината на денот премиерно ја здогледа објавена на 27 февруари заедно со видеозапис. Инспирацијата за „Инферно“ лежи во стилот на музицирање и музиката од 90-тите кога светот беше опсипан и со најголем број квалитетни хитови. „Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ-листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и се рефлектираат во она што сум денес“. Високиот стандард што го поставија со "Мерлин Монро" е задржан и надграден така што македонската музичка сцена доби нов врвен музички тандем! „Ова e песна на која заедно со Дамир Пух посветивме многу труд и време за секој детаљ да си дојде на своето место. Ако „Мерлин Монро“ е песната за се што не сум, "Инферно" е сублимат на се' што сум“ - ќе каже пејачката. Зад музиката на „Инферно“ се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа, а аранжманот на Дамир. Освен учеството во креативниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје. За видеозаписот на песната бил задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. К ако звучи и изгледа нивниот „оган во срцето на светот“ во „Инферно“, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Стефанија низ уметнички крик повикува на себеосвестување кон татковината, зашто сега најмногу сме и потребни во – „Бегаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-niz-umetnichki-krik-povikuva-kon-sebeosvestuvane-kon-tatkovinata-zashto-sega-najmnogu-i-sme-potrebni-vo-begash-video/ Mon, 19 Feb 2024 12:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339232

Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023-та година. „Бегаш“ е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина. Песна која ги повикува сите кои бегаат од својот дом да погледнат наназад од таму каде што стигнале и да ја вратат својата љубов кон земјата што ги израсна, затоа што сега најмногу и се потребни. „Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз. Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а делата остануваат! Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Претходно направениот аранжман на Петар Димитровски, добива нов аранжман од Стефанија, на кој свири гитара Владимир Враниќ, а нов микс и целосен мастеринг прави Владимир Аговски, кој на магичен начин ги спаси старите демо верзии и ги оживеа во нови дела.   Прекрасните видео записи ги изработува уметникот зад камера Владимир Бошковски, а видео монтажа и режија прави сама Стефанија, која всушност е и продуцент на делото со Аудио и Видео Продукцијата – Welcome to Stefanija’s Music World. Локациите на кои се снимаше спотот се местата од кои е посебно инспирирана – Анастасија Центар Битола (Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center) и еден од најстарите и најубавите манастири во Македонија Манастирот Трескавец – Света Богородица (Прилеп), издигнат високо над карпите со поглед кон Баба, Кајмакчалан и Бабуна, го има најстарото фрескосликарство од XIV век. Идејата е да бидат презентирани убавините, природните богатства и историските наследства на Македонија. Сите костими кои ги носи Стефанија се дело на нејзината мајка, моден дизајнер Анастасија Зулевска. За фризурата на Девојчето со долгата коса се погрижи Габриела од салонот со претставништво во Чикаго (Goran Coban/Chicago Hair Salon). ]]>

Време е маските да паднат: Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-maskite-da-padnat-lozano-sam-na-maskenbal-vo-venetsija-video/ Thu, 15 Feb 2024 07:22:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338863

Живееме во време-невреме, време во кое секој од нас носи маска за да се заштити од овој лажен свет… Дали е вистинско време да ги извадиме маските и да бидеме навистина среќни? По, се изгледа време е! Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на нашата музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано… Неговата нова песна, која со нетрпение ја очекуваше публиката носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски. „Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде цели три дена траеше снимањето на истиот. Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески, кој и овојпат го даде својот максимум. Она што е вредно да се напомене, е тоа што за овој видеоспот беше изработен специјален костим, а него го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.   Инаку ова е само најава за она што следува од Лозано во блиска иднина… Уживајте во неговиот сингл „Маскенбал“ во Венција: ]]>

Бони го визуелизираше својот макфестовски хит – „Ми амор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boni-go-vizuelizirashe-svojot-makfestovski-hit-mi-amor/ Thu, 08 Feb 2024 11:25:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338071

Божица Китановска е ново име на македонската естрадна поп сцена, за кое можеби малкумина слушнале. Но, ако кажете само  Бони, како што гласи нејзинотои уметничко име и го споменете нејзиното појавување на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“, на многумина ќе им текне на впечатливиот настап на сексапилното црнко мињонче, кое со својот танц и стајлинг и нејзината хитовски ориентирана тема „Ми амор“, многумина остави со подзината уста и без збор.   Бони е позната по своите настапи најмногу по скопските кафулиња, а за музиката како што самата преферира да каже, се интересира веќе неколку години. Самата пишува песни, снима и настапува со свој бенд. До сега кариерита ја водела исто така самата, но отсега има и менаџер. Повикот да учествува на најреномираниот македонски фестивал ја изненадил, а за да ја комплетира песната и помгнал Иван Јованов - Ивајо. Големата сцена и е следниот предизвик, па затоа повторно би настапувала на фестивали. „Сепак, се' е до песната... Ако е добра, ќе помине, луѓето ќе ја засакаат. Ако не е, колку и да ја туркаш, каков и да има маркетинг, нема да помине онака како што треба“ - ќе каже Бони при гостувањето во една ТВ емисија. Инаку, за нејзиниот дебитантски настап на „Макфест 2023“, односно за песната „Ми Амор“ деновиве Бони сними и интересен видеоспот, кој ќе му го продолжи животот на ова нејзино  фестивалско музичко парче, кое се' уште се врти во македонскиот радио - етер. Како изгледа визуелизацијата на нејзиниот макфестовски радио хит „Ми амор“, продуцирана од „Универзум продукција“ со  режисерски потпис на самата Бони и Томислав Живковиќ, проследете од видеото во продолжение. ]]>

Лара Иванова и Јосиф Ристовски заедно ги запалија – „Сите светла“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-josif-ristovski-zaedno-gi-zapalija-site-svetla-video/ Tue, 06 Feb 2024 13:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337732

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота. „Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога. Диско ритам, младешка енергија и гламур, „Сите светла“ претендира да стане  нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.   „Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме „Сите светла“. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“, вели Лара. Лара Иванова е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. Освен тоа, нејзината посветеност и ентузијазам резултираат со успеси, а еден од нив допрва треба да го потврди и дуетот со Јосиф, над кој сега се вперени „Сите светла“: ]]>

Јоце Панов ќе ви раскаже низ песна како изгледа во љубовта да имаш – „Среќа во несреќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jotse-panov-ke-vi-raskazhe-niz-pesna-kako-izgleda-vo-lubovta-da-imash-sreka-vo-nesreka-video/ Mon, 05 Feb 2024 11:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337477

Јоце Панов, реши веднаш по празниците да ја израдува својата  публиката и да и подари нова песна на која напорно работеше претходниот период. Во морето деловни обврски како професор во една позната скопска гимназија, мноштвото ТВ гостувања и бројните настапи низз цела македонија но неретко и надвор од неа, пејачот не ја запостави својата работа во студио, па така сега светлината на денот ја здогледа новата песна наречена „Среќа во несреќа“ што ја издаде за „Гранд продукција“, а истата е испеана на српски јазик, со цел да се освои што повеќе публика во регионот. За разлика од неговата претходна песна, која имаше побрз ритам, овој пат Јоце покажува чиста емоција во баладата која веќе  ја освои публиката на првото слушање, а кадрите од спотот снимен од  проверениот мајстор Дејан Милиќевиќ ја раскажуваат приказната онака, филмски за само неколку минути. Овој проект инаку има посебо значење за штипјанецот со скопска адреса на живеење бидејќи музиката и текстот ги напиша заедно со познатиот хитмејкер Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот го направи сам. Како звучи тој во неговото најново музичко остварување, но и каква приказна се крие во видеоспотот, проследете во продолжение: ]]>

Александра Јанева љубовно ранета, а нејзините солзи не ги перат ниту неговите рози во – „Дождови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-lubovno-raneta-a-nejzinite-solzi-ne-gi-perat-nitu-negovite-rozi-vo-dozhdovi-video/ Fri, 02 Feb 2024 06:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337235

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер,  четврток, 01. февруари 2024 година на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“. Оваа нумера денови наназад струмичанката ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ќе ја воодушеви публиката на прво слушање. „Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“ - вели Александра. Авторскиот тим кој се потпишува за ова музичко дело се: Музика и текст - Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент - Лазар Цветкоски, додека видеото, пак, кое е приказна за себе, но и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски. Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години оди по нагорна линија, но пејачката не застанува тука.
Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во нејзините „Дождови“.
]]>

Тијана Периќ ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perik-ke-ve-natera-da-ne-veruvate-vo-tugite-lagi-vo-nevera-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:12:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336705

По впелатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“ кој се' уште се врти во домашниот радио етер, „Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ. Автор на песната е  композиторот Иле Спасев кој ги напишал, музиката и аранжманот, а се погрижил и  за миксот и  мастерингот, додека стиховите ги напишал Дени Куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор. Песната е визуелизирана и со видеозапис, а  Тијана повторно одлучи довербата да му ја препушти на проверениот мајстор Александар Ристовски Принц, кој направил еден преубав краток музички филм, во кој Тијана носи креации и накит на македонската модна  дизајнерката Ива Спасовска. „Невера“ е песната која се одлликува со модерен ритам кој веднаш ве тера да танцувате, а мелодијата на прва влегува во уво, иако е нешто поразлично од досегашните песни. Инаку Тијана е студент на Музичката академија - 3-та година. Музиката е нејзина љубов уште од најрана возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан ФМ радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото, улога во која подеднакво успешно се снаоѓа. Наскоро најавува и дует со еден наш артист, а секако веќе размуслува и за следна песна. Во продолжение слушнете као звучи и проследете како изгледа новото музичко остварување на Тијана, преточено во темата „Невера“. ]]>

Даниел Коцалев со фолк химна што на сите „мекици“ ќе се пее во еден глас – „Татко станав јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kotsalev-so-folk-himna-shto-na-site-mektsi-ke-se-pee-vo-eden-glas-tatko-stanav-jas-video/ Mon, 29 Jan 2024 11:12:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336586

По минатогоодишниот фолк хит  „Без тебе“ , младиот македонски  пејач Даниел Коцалев има нова песна. Станува збор за песната „Татко станав јас“ за која  како и за  претходната песна и овој пат  музиката и аранжманот  се авторско дело со потпис на Златко Миладиновски, додека стиховите ги напишала Соња Дојчиновска. Како и  мината песна и оваа, најновата е визуелизирана со видеозапис. Видеото е во продукција на „Медиа таг“, додека сценариото и режијата ги потпишуваат самата Медиа таг продукција заедно со пејачот  Даниел Коцалев. Инаку песната несомнено претендира да стане своевидна славеничка фолк химна кога се во прашање прославите на новородени дечиња, како што се традиционалните „мекици“, па се очекува да биде неизбежна на ваквите семејни веселби. Инаку,  Даниел Коцалев е се' поактивен со своите настапи по познатите угостителски локали, кафеани, ресторани, хотели како и разните семејни прослави, но е постојано присутен со многубројни гостувања и на најгледаните  фолк емисии во македоскиот ТВ етер, како што се  „Качамак“ или „Мерак меана“ на пример. Погледнете го видеото и преслушајте ја најновата песна на Даниел Коцалев насловена „Татко станав јас“  која  на секој новореализиран родител што ќе ја слуша, ќе му одекне како празник за душа. ]]>