Мегафон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Мегафон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот – Оскар https://arhiva.vistina.com.mk/openhajmer-ja-opravda-favoritskata-uloga-na-96-dodeluvane-na-najprestizhnite-filmski-nagradi-vo-svetot-oskar/ Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341798

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. Неколкуте германски кандидати за Оскарот годинава останаа со празни раце.

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби Оскар за најдобар филм. Американската филмска академија, синоќа во Лос Анџелес, ја додели својата најважна награда на биографскиот историски филм за изумителот на атомската бомба. Филмот освои вкупно седум Оскари: самиот Нолан ја доби наградата за најдобар режисер за неговата работа. Продукцијата доби и две актерски награди: Ирецот Килијан Марфи, кој го игра американскиот физичар Роберт Опенхајмер, беше награден како најдобар машки актер. Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога – го играше противникот на Опенхајмер и политичар Луис Штраус. Филмот имаше 13 номинации за Оскар, повеќе од која било друга продукција.

Годинешната награда за најдобра главна женска улога ја освои Ема Стоун за нејзината изведба во филмот „Poor Things“. Гротескната комедија доби вкупно четири награди, на пример за дизајн на костими и шминка. Германката Сандра Хилер, која исто така беше номинирана во категоријата за најдобра актерка, остана со празни раце. Награди не добија ниту филмовите на двајцата германски режисери Илкер Чатак („Учителска соба“) и Вим Вендерс („Perfect Days”).
Сепак, победија два филма во кои глумеше Хилер: британската драма за Аушвиц „Зона на интерес“ ја освои наградата во категоријата најдобар меѓународен филм. Во него германската актерка ја игра сопругата на командантот на Аушвиц Рудолф Хес. Филмот „Анатомија на еден случај“ – во кој Хилер игра успешна авторка која е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг – беше награден за најдобро оригинално сценарио. Актерката Да Вајн Џој Рендолф ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во драмата „The Holdovers“. Американката е позната и како музичка актерка. Иако имаше 10 номинации, „ Killers of the Flower Moon” на режисерот Мартин Скорсезе не освои ниту една статуетка, додека хит-филмот „ Барби“ освои само една – за најдобра оригинална песна напишана од Били Ајлиш и нејзиниот брат Финес.
]]>

Денеска е Задушница – спомен за починатите https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-zadushnitsa-spomen-za-pochinatite/ Sat, 09 Mar 2024 08:44:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341787

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.]]>

Од 3-6 април: 7-мо издание на „Џез Фактори Фестивал“ – Битола https://arhiva.vistina.com.mk/od-3-6-april-7-mo-izdanie-na-dhez-faktori-festival-bitola/ Sat, 09 Mar 2024 08:42:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341767

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 3-6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола. „Низ годините, се трудиме со организирање на фестивалот да го збогатиме културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите“, изјави директорот и основач на Џез Фактори Фестивал професорот Сашо Поповски. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски. Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцена на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч. На 5 Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија) и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair. Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија). Последниот ден во Камарите ќе биде и доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола. За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски. Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар за што дополнително ќе информираме. Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др. Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 придружни настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”.]]>

На сцената на Македонска филхармонија: Премиерно издание на „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис https://arhiva.vistina.com.mk/na-stsenata-na-makedonska-filharmonija-premierno-izdanie-na-candlelight-kontsert-pod-sveki-na-kamerniot-orkestar-profundis/ Sat, 09 Mar 2024 08:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341764

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката, вели маестра Дашиќ.

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Инаку, концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјајна свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

Влезниците за ова премиерно концертно доживување се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс во државата или онлајн на следниот линк.

ФИШ создава извонредни студенти во информатички и сродни дисциплини https://arhiva.vistina.com.mk/fish-sozdava-izvonredni-studenti-vo-informatichki-i-srodni-distsiplini/ Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341722

Приоритет за секој средношколец и студент претставува квалитетното образование и идниот просперитет. Тие се стремат да го направат правилниот чекор на ова поле и да се здобијат со врвно знаење, кое понатаму ќе ги придвижи кон достигнување на особен престиж во својата професија. Во последнава декада, Словенија се истакнува како една од најпривлечните земји за студирање на македонските студенти и надградување на професионален план. Зошто е тоа така? Постојат неколку факти кои ја откриваат тајната позади нивната визија и ја потврдуваат нивната одлука како вистински избор. Долгогодишното и прогресивно работење на Факултетот за информатички науки во Словенија (FIŠ) дава основа за генерирање извонредни студенти зад кои стојат голем број успешни и глобално препознатливи проекти и соработки. Дел од овие колаборативни проекти се карактеризираат со пребарување податоци, дигитални библиотеки, поврат на информации и слично. Со посебна репутација се здобиваат и оние кои се ко-финансирани од Европска Унија, од која факултетот и студентите уживаат исклучителна поддршка. “Адаптација на јавните истражувачки организации и Централната техничка библиотека на Универзитетот во Љубљана да работат според принципите на отворената наука” е еден пример на таков вид проекти, во кој што цел факултет е вклучен и активно работи со помош на Министерот за високо образование, наука и иновации на Европската Унија. Овој самостоен државен факултет, лоциран во Ново Место, претставува водечка институција во државата, која е посветена на првокласна едукација на своите студенти во делокругот на информатичките науки и сите сестрински дисциплини. Студиската програма на ФИШ главно е поделена на три модули: додипломски, мастер и докторски студии. Во секоја од нив е инкорпориран мултидисциплинарен пристап кој овозможува студентите да ги прошират своите хоризонти, пронаоѓајќи ги допирните точки меѓу информатиката и останати истражувачки сфери како филозофија, социологија и комуникациските вештини. Ова ја зголемува студентската перспектива и развива сет способности, давајќи им предност на студентите во денешниот свет на можности, во кој се' е поврзано и испреплетено. Студентите на ФИШ секогаш се снабдени со најнови информации од светот на технологијата преку организирање јавни дебати, работилници, предавачи и професори, теренски активности и конференции. Преку партиципација на вакви настани, студентите може да воспостават контакт со влијателни личности и професионалци и да се стекнат со потребното практично искуство. Една од најголемите технички бенефиции за студентите на овој факултет е неговото членство во Microsoft Azure програмата. Со оваа програма, студентите и персоналот може да користат лиценцирани Microsoft програми и алатки преку Аzure web порталот и да ги инсталираат на сопствените компјутери. Оваа високо-образовна установа во својот „арсенал“ има два суперкомпјутери. ФИШ има склучено партнерства со голем број истражувачки институции, универзитети и партнери од индустријата низ целиот свет. Ваквиот тип интернационална соработка обезбедува можност за академска размена на студентите, како што е програмата Еразмус, здружување за заеднички истражувачки проекти, екскурзии и отворена врата кон разновидни искуства. Особена предност на овој факултет е можноста за проследување „онлајн“ настава преку платформата „Moodle”, на која постојано се прикачуваат академските материјали и вежби. Оваа „онлајн” училница овозможува студентите побрзо да комуницираат меѓу себе, да остварат полесен пристап до професорите, претставува форум за дискусија и опција за прикачување семинарски трудови и испитни вежби преку нивниот профил. Покрај тоа што факултетите во Словенија нудат бесплатни студии за македонските студенти, ексклузивна алтернатива на овој факултет се индивидуалните курсеви кои содржат три нивоа и отворената прилика за студирање како „граѓанин”. Ова подразбира дека секоја индивидуа по желба, може да ја проследи студиската програма на Факултетот во кој било период од академската година, без статус на студент. Покрај екстензивната апаратура, на Факултетот постои и специјализирана библиотека за студентите. Оваа инфраструктура придонесува за стручноста на предавањата и истражувачките активности, зајакнувајќи го целосниот образовен систем на студентите. Во програмата на факултетот се опфатени и дополнителни социјални и студентски услуги, како кариерен центар за академско и кариерно советување, опции за практикантство и практични вежби. На овој начин, факултетот цели да создаде инклузивна средина, каде студентите може да се унапредуваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. За секој студент, слободното време е ценет луксуз кој треба максимално да се искористи. За некого тоа значи одмор, но студентите на ФИШ ја имаат и можноста да си го исполнат времето преку социјализирање и вмрежување со своите колеги, учествувајќи во разни екстракуликуларни активности како куглање, пикник, спортување и прошетки во природа. https://www.youtube.com/watch?v=kUvr5JyQVH8 Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.]]>

Концерт на Националниот џез оркестар: “Џез лектира” – вечер посветена на Каунт Бејси https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-dhez-lektira-vecher-posvetena-na-kaunt-bejsi/ Fri, 08 Mar 2024 12:25:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341192

Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов “Џез Лектира,” и претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот.  Овој период претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20-тиот век. Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови прават вистинска револуција во џез музиката во тој период, Меѓу најважните имиња во биг бенд ерата се вбројуваат Дjук Елингтон, Бени Гудман, Глен Милер, и секако Каунт Бејси. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, кој е познат и како “Кралот на свингот”. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично. Многу светски познати музичари доаѓаат до израз токму во овој биг бенд, вбројувајќи ги тенор саксофонистите Лестер Јанг и Хершел Еванс, гитаристот Фреди Грин, трубачите Бак Клејтон и Хари „Свитс“ Едисон, тромбонистот Ал Греј, и пејачите Џими Рашинг, Хелен Хумес, Телма Карпентер и Џо Вилијамс. На концертот “Џез Лектира,” се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот, како и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка, Дајан Шур, меѓу другото добитничка на две Греми награди за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987 година. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите женски џез пејачки на овие простори. Концертот ќе се одржи на 16 март, во салата на Македонскиот народен театар, од 20 часот. Билетите може да се набават online, на страната на МНТ https://mnt.mk/online/index.php?id=558 , или на Билетарницата на МНТ.]]>

Премиум спектакл: Лепа Брена и Здравко Чолиќ настапуваат во хотелот Гранд Копаоник на „Music Week фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/premium-spektakl-lepa-brena-i-zdravko-cholik-nastapuvaat-vo-hotelot-grand-kopaonik-na-music-week-festival/ Fri, 08 Mar 2024 11:45:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341684

Сончевиот март на Копаоник и 60 отсто од скијачките капацитети кои секојдневно се во функција ќе го одбележи и претстојниот музички фестивал на кој годинава заедно ќе настапат двете најголеми ѕвезди од регионот. Осмиот по ред Music Week фестивал ќе се одржи 15 до 17 март, а Салата за настани на хотелот Гранд Копаоник ќе стане епицентар на најголемиот сценски и музички спектакл со настапот на две музички легенди - Лепа Брена и Здравко Чолиќ! Заедно со луксузните капацитети на хотелот Гранд Копаоник, на посетителите им се нуди динамична и возбудлива комбинација на скијање и сончање, извонредна спа атмосфера, незаменливи гастро и апрес ски-станици и феноменална ноќна забава. Ексклузивните пакети со вклучени влезници за концертите на Music Week фестивалот веќе се пуштени во продажба Скајмјузик - синонимот за врвна забава, и оваа година ветува премиум искуство на Music Week фестивалот со внимателно режирани концерти. Лепа Брена и Чола за прв пат заедно под покровителство на еден фестивал, давајќи ѝ така можност на публиката да доживее невидена комбинација од нивните хитови.]]>

Почина македонската фолк пејачка Атина Апостолова https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskata-folk-pejachka-atina-apostolova/ Thu, 07 Mar 2024 16:02:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341557

Фолк пејачката Атина Апостолова почина на 77 годишна и замина во легендите. Безживотното тело на Апостолова било пронајдено во нејзиниот дом во Скопје. Како што откриваат нејзини колеги, неодмна имала операција на срцето, но по истата се чувствувала добро. Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, која долги години беше нејзина пријателка. Таа била кај неа, но откако не и отворила, се загрижила и им се јавила на роднините на Атина. Откако дошле, го скршиле прозорецот, влегле внатре и ја пронашле почината. Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Минатата година Атина доби награда за животно дело на фестивалот ,,Тумба Фест” во Куманово. Таа беше присутна на сцената повеќе од четриесет години, а ги остави хитовите, „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов, и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други. Нека и’ е светол патот, слава и’! фото:Printscreen/ Ypu Tube]]>

Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ овој четврток концертно во Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/vokalnata-rabotilnitsa-na-bila-krstik-bistrik-ovoj-chetvrtok-kontsertno-vo-kumanovo/ Thu, 07 Mar 2024 11:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341495

Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали овој четврток (07-ми март 2024 во 19 часот) во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово. Канцеларијата на СПОНА во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Во пресрет на отворањето на канцеларијата во Куманово, СПОНА организира концерт на Вокалната работилница „Бистрик“ - Биља Крстиќ. Вокалната работилница на Биља Крстиќ  Бистрик веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи. За работилницата Биља вели: - Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми. Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот Бистрик, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите Сунцокрет и Рани мраз, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биље Крстиќ е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова. Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ.]]>

Трагедија: Почина Мирко Петровски – познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер https://arhiva.vistina.com.mk/tragedija-pochina-mirko-petrovski-poznatiot-makedonski-bodibilder-i-fitnes-trener/ Wed, 06 Mar 2024 13:27:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341358

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста проструи на социјалните мрежи, а меѓу првите ја сподели  Панчо од ДНК, кому бодибилдерот му беше личен тренер и добар пријател. „Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски“ – напиша тој на нивната заедничка фотографија. По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста. „Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој. Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг. Беше персонален тренер на многу наши познати личности како споменатиот музичар Панчо-ДНК, актерот Тони Михајловски, манекенката и топ модел Катарина Ивановска, ТВ водителките Миа Костова и Ева Јовановска... и многу други. Фото: Фејсбук/Инстаграм]]>