Катарина Грујиќ сакаше нејзината нова песна да биде визуелизирана со уникатно видео во режија на познатиот фотограф и режисер Миомир Милиќ, па за поголем ефект реши да се користи обилна пиротехника во ова видео.
Во еден момент пламенот од еден од факелите и ја зафатил раката, а пејачката претрпела изгореници, кои веднаш беа санирани во една приватна клиника.
„Додека снимањето се одвиваше, одненадеж јас само почувствував неверојатна топлина и слушнав некој од екипата како почна да вика: „Внимавај, гориш!“ И тогаш видов дека пламенот од факелот зафати дел од мојата гардероба! За среќа, сите брзо реагиравме, а потоа веднаш заминав на лекар. Имам полесни изгореници на кои сега нанесувам мелем, така што се надевам дека нема да остане лузна.
Драги мои, мојата порака за ова лето е јасна: „Не сакам да се мувам, сакам само да пијам! За сите оние кои сакаат слобода, забави, сонце, коктели … Или можеби се плашат од короната … Уживајте!“ – порачуваа Катарина.
Фото: ЈуТјуб принтскрин / Миомир Милиќ