Радио Милева тажна вест

Кариерата ја напушти откако дозна дека е болен: Почина ѕвездата од култниот филм „Кум“ (фото)

Кариерата ја напушти откако дозна дека е болен: Почина ѕвездата од култниот филм „Кум“ (фото)

Познатиот австриски актер Хелмут Бергер почина на 79-годишна возраст, објави неговиот агент, а пренесе „Еј-би-си њуз“.
Бергер беше голема ѕвезда во 1960-тите и 1970-тите, а славата ја стекна во филмовите на италијанскиот режисер Лукино Висконти.Тој почина денес во Салцбург.

Бергер е роден во Бад Ишл, Австрија на 29 мај 1944 година. Работел како статист во Рим пред да биде откриен од Висконти, а подоцна да стане негов партнер. Висконти му ја дал својата прва улога во 1966 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anadeus von Haaser (@anadeusvon)

Познатиот актер имаше истакнати улоги во филмовите на Висконти „Самрак на боговите“, „Лудвиг“, „Затворениот семеен круг“ како и во „Градините на Финци-Контини“ на Виторио Де Сика, „Доријан Греј“ на Масимо Даламан и подоцна во „Кум III“ од Френсис Форд Копола.

Откако се разболе, Бергер објави крај на својата актерска кариера во ноември 2019 година.

Фото: Принтскрин

Поврзани теми

To top