Радио Милева

Јелена Томашевиќ ја посети спомен куќата на Тоше Проески и ги запозна неговите родителите: „Прекрасни луѓе и домаќини“

Јелена Томашевиќ ја посети спомен куќата на Тоше Проески и ги запозна неговите родителите: „Прекрасни луѓе и домаќини“

Српската пејачка Јелена Томашевиќ деновиве е во Македонија, поточно во Битола каде што денес (16.11.2019)  ќе одржи свој концерт заедно со Камерниот Оркестар на Битола во рамките на „Фестивалот на музика од светот“.

Посетата во Битола, јелена ја искористи за да прошета и низ широк сокак, а овој момент го овековечи со една фотографија:

„Ако одам во Битола ќе прошетам по широк сокак“ напиша пејачката како објаснување на фотографијата.

фото: инстаграм/јеленатомашевиќ

Јелена  имаше време и да го посети Крушево и да ја посети спомен куќата на македонската легенда Тодор Проески, а ова посета успеа да ја разнежи пејачката. Нема кој не бил во Крушево и да ја посети токму спомен куќата на Проески која  потсетува на најдобриот македонски вокал и пејач чиј живот згасна пред неколку години во сообраќајна несреќа во Хрватска.

фото: Инстаграм/јеленатомашевиќ

Јелена овој момент го обележи со неколку фотографии кои секогаш ќе ги носи како спомен, а некои од нив ги сподели и со следбениците на социјалните мрежи. Во описот на овие фотографии српската пејачка откри дека имала прилика да ги запознае родителите на Тоше и дека се прекрасни луѓе.

фото: Инстаграм/јеленатомашевиќ

„Крушево, нека ти е вечна слава ангелу. Денес ги запознав родителите на Тоше, прекрасни луѓе и домаќини. Ме дочекаа со толку многу љубов, што успеа да ме трогнат“ напиша пејачката.

фото: Инстаграм/јеленатомашевиќ

Инаку, Тоше Проески ја компонираше песната „Где да одем а да те не волим“ која ја изведува Јелена. Српската пејачка во една прилика истакна дека Проески ја снимил и нејзината песна „Јутро“, но дека таа не успеала да дојде до таа снимка, а кога ќе дојде ќе ја чува како спомен.

To top