Пред неколку дена таткото на Мајкл Џексон бил примен во болница поради канцер. Близок пријател соопшти дека тој ја изгуби битката со опасната болест.
Џо Џексон го состави бендот „Џексон 5“, а Мајкл го обвини татко си за насилство во семејството. Во едно интервју, Мајкл откри дека Џо го малтретирал со челични кабли, а Џо го потврди тоа.

„Го ударав со каиш, тоа не е насилство. Насилство е ако ударате со мотика, јас не го правев тоа, изјави во една прилика Џо.