Горан Бреговиќ, конечно го носи својот најуспешен проект „Три писма од Сараево“ и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.
Тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите кои што ги носи со себе на сите свои концерти, а се дел од овој негов голем проект.
Инаку албумот „Три писма од Сараево“ е најпровадан етно албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.
Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези (Ѓурѓовден)“ и многу други, што гарантира незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.
Од регионот, Горан Бреговиќ настапил само во Белград на 15-ти декември 2018-та, придружуван од Белградската филхармонија.