Фудбалерот Кристиано Роналдо го откри полот на близнаците кои ќе ги добие со ќерката Георгина Родригез.
Фудбалерот и неговата партнерка Георгина Родригез ќе добијат близнаци, а сега преку видео на својот Инстаграм го објавија полот на децата.
-Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ги запознаеме. Се чувствуваме благословено, напиша Роналдо покрај фотографијата на која позира со Герогрина, а во рацете држат фотографии од ултразвукот.
Парот досега јавно не откриваше детали за приновата, а сега одлучи на ннетересн начин да го открие полот на близнаците.
На видеото четирите деца на фудбалерот пукаат балони од кои паѓаат розови и сини конфети. На овој начин фудбалската суперѕвезда објави дека тој и Георгина очекуваат син и ќерка, а се чини дека неговите деца се возбудени поради тоа.
View this post on Instagram
-Каде животот почнува, не завршува љубовта, напиша тој покрај фотографијата.
„Честито“, „Убаво“, „Слатко, плачам“, порачале многу фанови во коментарите, а видеото за само два часа собра повеќе од два милиони лајкови и речиси осум милиони прегледи.
фото: Инстаграм