Сопругата на познатиот инфектолог Вело Марковски, Евгенија Николовска Марковска на првиот ден од новата 2021 се породи по втор пат и на свет донесе здраво девојче.
Ова е второ дете на семејството Маркоски кое покрај ќерката, имаат и синче кое ќе го добијат набргу откако ќе запловат во брачните води.
Евгенија на социјалната мрежа Инстаграм често објавува свои фотографии од себе, па со оваа пракса продолжии по неодамнешното породување каде покажа дека бременоста воопшто не ја нарушила нејзината вита става и манекенската фигура.
Од нејзините фотографии се гледа дека гордата мама живее здрав живот и дека постојано води сметка за својот изглед. Впрочем, Евгенија и додека беше бремена изгледаше одлично и немаше проблеми со вишокот килограми, освен онаа дополнителна тежина што се смета за вообичаена и неопходна кога е бременоста во прашање.
Затоа на некогашната манекенка, мисица и модел, денес магистер по економија и бизнис администрација не и требаше многу за брзо време по породувањето се врати во топ форма, па на Инстаграм објави неколку фотографии, на кои изгледа неверојатно… Како да не била до неодамна бремена!?
Но, покрај природните предиспозиции, очигледно е дека убавата млада сопруга на професор Марковски и тоа како се грижи за својот изглед. Внимава на исхраната, а практикувањето на спортот и физичката активност е повеќе од очигледно.
Пешачењето, вежбањето, пливањето… Рекреативно, а понекогаш и со натпреварувачки карактер, како на пример учеството на тениските натпревари…


Токму затоа кусо по првите денови од породувањето или поточно само по еден месец откако на свет го донесе своето второ дете, Евгенија и се врати на физичката активност. Моментите пред првиот тренинг ги овековечи со фотографија на која се гледа дека и без да вежба, изгледа одлично… како и некогаш. Во црвени хеланки и кус спортски топ со долги ракави под која се гледа нејзиниот рамен стомак, таа е како подготвена за на модна писта. Или што би рекле некои, Евгенија постпородилно – блеска!
И не само заради изгледот, туку можеби токму заради тоа што денес се чувствува комплетно исполнета и реализирана и како жена, сопруга, мајка… во секој поглед!
Конечно, Евгенија и самата на некој начин тоа го признава, јавно опишувајќи го своето чувство на задаволство покрај својата последна фотографија споделена на Инстаграм, со цитат на легендарна ТВ водителка Опра Винфри: „Најголемата авантура што можете да ја доживеете е да го живеете животот од вашите соништа“!