Додека земјава брои рекорни троцифрени бројки на заразени и зголемена бројка на починати од коронавирусот кој се заканува половина Македонија да ја зарази, струмички „Аватар“ си „гази“. За „ортаците на власта“ законот очигледно не важи!
Имено, пред неколку дена во оваа дискотека гостин бил популарниот српски пејач Девито, а од снимките кои кружеа по социјалните мрежи, како и на Инстаграм профилот на самиот пејач, може да се види дека во дискоклубот, сега „пререгистриран“ во кафуле, нема каде игла да се фрли.
Оливер Спасовски, Венко Филипче и Зоран Заев си молчат и дозволуваат криминалот да владее, а вирусот забрзано да се шири и низ Струмица и околината и низ цела Македонија.
Ако пред една недела експресно беа пломбирани неколку скопски локали, по се’ изгледа дека за сопствениците на „Аватар“ не важат истите закони? Или власта им се плаши или тие се „многу блиски“ до неа?
Извор: Курир.мк
Видео: а1 он