Дел од изведувачките на телевизија „Планета“ и музичката продуцентска компанија „Пајнер“ ги израдуваа своите обожаватели со нови фотосесии.
Имено, Галена, Џулија, Емануела, Емилија, Марија, Малката, Јаница и Цветелина Јанева и покрај неможноста за настапи заради коронапандемијата во овој период на годината и подготовките на новите проекти, деновиве одвоија време за да снимат нови фотосесии.
Кога е пеењето во прашање и нивниот глас, Бугарките можеби не се Марија Калас, ама затоа кога се работи за телесните атрибути, разголувањето на сексапилните певици им е како добро утро. Бугарската продукција оддамна сфатила дека музиката денес се повеќе се гледа отколку што се слуша, па покрај новите песни, разголените фотосесии и секси видеоспотовите се како „музичка лектира“ – без нив нема кариера и не се просперира!
Во нив расните бугарските пејачки не само што го откриваат сиот свој телесен раскош, предизвикувајќи моментална возбуда, бура на страсти, покачен притисок и висока доза на адреналин… туку го освојуваат и пазарот кој е доволно голем, па откако нивниот труд ќе вроди со плод, добро да го уновчат својот производ… А, неретско и себе си! Што со песна, што со „богата мажачка“ или „дебело спонзорство“!
Ним оддамна им е јасно дека во нивниот занает „љубовта не е религија“, а естрадната професија уште помалку, па затоа наместо „забулени“ бугарските пејачки кариера прават максимално „разголени“! Затоа имаат и естрада, шоу-бизнис, музичка сцена… на која дефилира „илјада и една“ убава жена. Згодни, провокативни, сексапилни, привлечни, порочни, пожелни и слободни… Доволно добри и за шоу и за бизнис и за забава за милиони!