Живот и Стил

Рецепт за чизкејк со ликер од портокал

Рецепт за чизкејк со ликер од портокал

Можете да направите чизкејк на многу начини, но овој вкус нема да го заборавите толку лесно затоа што е посебен.

Потребни состојки:

За подлога:

  • масло
  • 300 грама чоколадни кекси
  • 2 лажици какао во прав
  • 90 грама стопен путер

За крем:

  • 560 грама крем сирење
  • 150 грама маскарпоне
  • 150 грама шеќер во прав
  • 300 милилитри слатка павлака
  • рендана кора од 2 портокали

За желе:

  • 100 милилитри ликер од портокал
  • 230 милилитри прошек
  • 65 милилитри газирана вода
  • 20 милилитри шеќерен сируп
  • 6 листа желе

Начин на подготовка:

Премачкајте го плехот со масло. Во блендер, измешајте ги кексите со какаото, потоа ставете ги во еден сад и додајте го путерот. Ставете ја смесата во плехот, израмнете ја и цврсто притиснете ја со прстите.

За кремот, со миксер изматете ги маскарпонето, крем сирењето, шеќерот во прав и павлаката. Потоа, додајте ја кората од портокал и измешајте. Со лажица нанесете го кремот на подлогата и оставете го да се излади неколку часа.

За да направите желе, со метална лажица измешајте ги ликерот, прошекот, газираната вода и сирупот. Обидете се да оставите колку што можете повеќе меури. Натопете го желатинот во вода и оставете го да стои додека не стане мек и еластичен. Затоплете ја смесата од ликерот, а потоа тргнете ја настрана и додајте го желатинот откако ќе го извадите од водата. Добро измешајте и оставете да се излади. Прелијте го кремот и оставете го колачот во фрижидер најмалку 6 часа.

извор: Кафепауза

To top