Во неколку наврати на социјалните мрежи се шпекулираше за вистинското име на пејачката Теодора Џехверовиќ, а нејзиниот брат Сава реши да се огласи и да стави крај.
Теодора Џехверовиќ е една од најангажираните пејачки на српската сцена, а покрај успешниот професионален живот, не крие дека е исполнета и во приватниот живот.
View this post on Instagram
Пејачката неодамна стана тетка, а членовите на нејзиното семејство и се добро познати на јавноста. Иако често ја споделуваат својата приватност на социјалните мрежи, во неколку наврати се шпекулираше дека Теодора вешто крие едно – нејзиното вистинско име! Она што го напишаа тамошните медиуми е дека вистинското име на пејачката е Суада, додека нејзиниот брат Сава се вика Сенад.
Според извештаите, нивните родители наводно ги смениле имињата откако пристигнале во Србија од Босна. Сава еднаш се огласи на својот Инстаграм профил и ја откри вистината за аферата „лажно име“.
View this post on Instagram
“За сите оние кои се неуки и го тврдат спротивното, јас лично го дадов името Теодора и тоа пред раѓање. Моја желба беше да имам сестра и подоцна да го носи името Теодора, што во преводот значи Божји подарок. Оние што знаат повеќе за моето семејство отколку мене, ве молам покажете и јавно објавување на изводот на раѓање со името Суада , или соочете се со мене, напиша братот на пејачката сакајќи да стави крај на оваа тема.
фото:Инстаграм принтскрин