Македонскат поп пејачка, виолинистка и музички педагог Андријана Јаневска по по подолго време има нова песна. Иако повеќе сконцентрирана на класичната музика и професорската работа отколку на сопствената кариера, на Андријана по цели 20 години опстојување на естрадата, по се’ изгледа конечно и се подотворија вратите за да направи нешто надвор од Македонија.

Иако важи за еден од најдобрите македонски женски вокали и дама со апсолутен слух, се чини како последниве години Јаневска како да немаше предизвик посериозно да се знаимава со естрадата и сопствената кариера во тој правец. Сепак, велат секој еднаш ги добива своите 5 минути, само траба да знае да ги препознае.

Дали понзнството и поканата да се проба себе си и своите вокално изведувачки квалитети да се обиде да ги пласира и на хрватскиот пазар Андријана ќе ги искористи за да направи поголем успех, допрва треба да видиме? Но, во секој случај и најголемиот успех започнува со првиот чекор, а нејзиниот се огледа во првата песна на хрватски јазик насловена „Дај пољуби ме“ (Дај бакни ме).

Спојот на нејзиниот прецизен вокал и виолината како базичен иструмент, кој се надодава на комплетната акустична слика во песната ( клавир, контрабас, тапани, виолина, виолончело…) создва една поинаква звучна перцепција како за она што до сега Андријана го изведуваше, така и за она што може да се слушне на хрватската сцена.

Темата „Дај пољуби ме“ како композитор и текстописец ја потпишува М.М. Вили, додека аранжманот на Јосип Шукер, кој ги правел уште и миксот и мастерингот и се потпишува како музички продуцент заедно со композиторот, кој пак е и извршен продуцент на проектот.

Темата е визуелизирана со едноставно, нискобуџетно, но сосема коректно видео во функција на песната, кое го снимал, монтирал и режирал одново Јосип Шукер.
Како звучи дебитанстскиот обид „Дај пољуби ме“ за пробив на хрватската естрада на Андријана Јаневска проследете во продолжение: