Британската пејачка Адел продолжува со своите фитнес рутини и е фотографирана како вози кон теретаната во Лос Анџелес.
Откако го покажа своето тело и покажа како изгледа со минус 50 килограми, Адел продолжува со своите физички активности.
Пејачката откри дека ослабела така што започнала да тренира, престанала да пуши и не конзумира алкохол, шеќер и брза храна.

Таа во теретана тргнала во опуштено издание, без шминка и била расположена додека се возела во својот автомобил.
Меѓутоа, она во што сите гледаат е еден детаљ на раката. Станува збор за неуредните нокти на пејачката.
На фотографијата може да се забележи дека тие се оштетени.
