Радио Милева Надвор од контрола

Адел повторно излезе од колосек: Пејачката му се врати на порокот

Адел повторно излезе од колосек: Пејачката му се врати на порокот

Пејачката и текстописецот на крајот на минатата година и кажа на Опра Винфри дека престанала да пие алкохол.

Светската поп ѕвезда се врати на стариот порок откако беше видена како пие алкохол во клуб во Лондон, само неколку месеци откако тврдеше дека престанала.

За време на интервјуто со Опра Винфри во ноември минатата година, 33-годишната пејачка беше искрена во намерата да ја убеди дека по разделбата со поранешниот сопруг, нејзиното прекумерно консумирање алкохол е минато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Адел го откажа концертот ден пред настапот, фановите изгубија стотици долари
.
Меѓутоа, според последните извештаи на „Стар магазин“, авторката на хитот „Easy on me“ била забележана како пие алкохол на крајот на февруари.

– Таа постојано нарачуваше. Таа пиеше непрестано. Во еден момент дури и паднала наназад.
Пејачката на хитот „Hello“, изјави кај Опра за време на споменатото интервју:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

– Кога сфатив дека имам многу работа, престанав да пијам и почнав да работам напорно за да останам фокусирана.

За жал, според известувањето на странските медиуми, ситуацијата полека излегува од контрола и Адел, се чини, се враќа на стариот порок.

To top