Пејачката открила дека повторно разговара со терапевт, за првпат по разводот од поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година.
„Повторно посетувам терапија бидејќи неколку години не го правев тоа. Морав да почнам. Претходно, кога поминував низ развод, посетував пет терапии дневно, но престанав да се сметам за одговорна за сопственото однесување и нештата кои би ги кажала“, признала Адел.
View this post on Instagram
Британската музичка дива им открила на фановите дека терапијата ѝ е потребна за да може да го даде најдоброто од себе на претстојните настапи и додала дека има намера да работи на себе секоја недела.
„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна, беше токму за овие мои концерти. Секогаш станувам многу емотивна. Обожувам да создавам музика, но постои нешто во настапувањето во живо што навистина ме ужаснува и ме исполнува со страв“, била искрена Адел.
View this post on Instagram
За потсетување, по повеќекратните одложувања, Адел во ноември го започна циклусот настапи наречен „Weekends With Adele“ во хотелот „Caesars Palace“ во Лас Вегас, кој ќе трае до март.
фото:Инстаграм принтскрин