Овен
Само со трпеливост и упорност можете да испливате од проблемите. Ако сте непромислени, може да биде уште полошо. Премногу се истакнувате, вашето его започна да им оди на нерви на другите. Внимавајте, ќе загубите дел од вашиот тим доколку така продолжите. Здравјето не ви е стабилно, затоа обрнете повеќе внимание на тоа.
Бик
Наидувате на вообичаената препрека кога станува збор за работата. Сето тоа ве прави дополнително нервозни и раздразливи. Партнерот сака да ви укаже на грешките, а вие го слушате само со едно уво. Обидете се да се поправите, ја нервирате околината.
Близнаци
Сакате работите да се одвиваат така како што сте замислиле. Може да бидете вознемирени, но потрудете се да се релаксирате. Лесно ќе ги пребродите проблемите ако најдете дипломатско решение.
Рак
Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Бирајте зборови, некој може погрешно да ве разбере.
Лав
Ве очекува поволен период, но потрудете се емотивниот живот да ви биде на прво место. Се чувствувате незадоволно, но тоа ќе трае кратко. Насочете се кон оние работи кои ви одат од рака. Закажете средба со пријателите, тоа ќе ве релаксира комплетно.
Девица
Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите.
Вага
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, поднова…со еден збор ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментално ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.
Скорпија
Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и пречи вашата себичност.
Стрелец
Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.
Јарец
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.
Водолија
Во овој период ви недостига виталност. Премногу сте чувствителни, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.
Риби
Тешко ја прифаќате реалноста и тоа моментално не одговара на вашите очекувања. Ве очекуваат болни моменти на емотивен план. Занимавајте се со убави работи за да избегнете криза. Во вечерните часови опуштете се во друштво на пријателите.
извор:среќа.мк