Кенсингтонската палата објави три најнови фотографии од принцот Џорџ кој денес полни шест години.
Фотографиите кои се направени во дворот на палатата ги направила неговата мајка, војвотката Кејт, а потоа се објавени на официјалниот профил на „Твитер“.
На две фотографии принцот Џорџ е облечен во дрес на Англија, а на третата е облечен во зелена маица и кратки панаталони.
„Среќен роденден, одличен избор“ му посакаа на Џорџ.
Наводно, прославата на роденденот ќе биде во најтесниот круг на семејството.