Изминатиот викенд ја испративме старата година, а како што е редот за 13-ти јануари повеќето славеа, но и кршеа лепче и делеа паричка за големиот празник Василица.
Даниел Кајмакоски заедно со сопругата и синчето за овој ден отиде до Лешок каде во кругот на најблиските седна на трпеза за да го крши васичарската пита во која токму нему му се падна паричката.
-Кај мене падна паричката, господ нека ви даде љубов, здравје и мир на сите! За многу години! – напиша Даниел во описот на фотографијата со која се пофали дека среќата е на негова страна за годината пред нас.
По објавата, како лавина се редеа коментари со честитки од следбениците и пријателите, кои му ја посакаа целата среќа и бериќет.