Нов скандал го тресе семејството Бекам. Имено, Бруклин повторно има проблеми со девојката хана крос со која се карал пред луксузен хотел.
Го посетија фестивалот во Кан и таму страшно се скарале што од нивното викање и плач, се слушале дури на улица.
-Се напија неколку пијачки и почнаа меѓусебно да се навредуваат. Хана нешто му префрли и пукна и дојде обезбедувањето, открива извор близок до манекенката.
Ручаа во хотелот каде Хана го нападна Бруклин кој веднаш и возврати со навреда, а поради тоа почнаа да врескаат и плачат, тврди извор за „The Sun“.
Сега, профилот на Бруклин на Инстаграм е заклучен. Ова не е првпат Хана и Бруклин да се расправаат во јавност, што ги вознемирува неговите родители, а најмногу Дејвид кој е многу поврзан со своите деца. Викторија и Дејвид се против оваа токсична врска и мислат дека лошо влијае на Бруклин, кој е луд од љубомора.