Пред два дена официјално започна 64-то издание на Евровизија, во вторникот започна првата полуфинална вечер, а вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер.
Оваа година Евровизија се одржува во Тел Авив, Израел, а според пишувањата таа е една од најскапите во историјата.
Имено, само влезниците за финалето на Евровизија чинат 1 000 евра, соковите 10 евра, а еден сендвич чини 20 евра.
Сепак, организаторите го дале својот максимум за се да изгледа беспрекорно.
Тамара Тодевска вечерва ќе настапи под реден број 17 со песната „Proud“.