Радио Милева

Посебен ден за неа: Оваа македонска пејачка присуствуваше на посетата на Папата во Скопје

Посебен ден за неа: Оваа македонска пејачка присуствуваше на посетата на Папата во Скопје

Центарот на главниот град вчера (07.03) беше епицентар на сите случувања. Метежот, вреватата, хаосот на момент беа запрени, а сите улици воде кон главниот плоштад „Македонија“ и се тоа поради историската посета на Папата.

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква.

Папата Фрнциск вчера првпат во историјата беше во посета на главниот град Скопје.

Тој пристигна во раните утрински часови, а неговата агенда се состоеше од посета и миса на плошатдот, средба со високи државни службеници, посета на Католичката црква…

Голем број верници,  граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство беа присутни на плоштадот и ја следеа посетата на папата.

Меѓу нив се најдеа и некои македонски јавни личности, меѓу кои и пејачката Елена Ристеска.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска

Елена истакна дека овој ден е посебен за неа, а на социјалните мрежи ги почасти фановите со неколку фотографии.

фото: принтскрин/инстаграм

За Елена, освен што овој ден беше посебен поради посетата на Папата, таа се пофали дека и пронашла детелинка со четири листа.

фото: принтскрин/инстаграм

Според верувањата оној кој најде детелинка со четири листа ќе го следи среќа.

To top