Пред неколку дена фолк пејачката и ќерка на Наум Петрески, Анастасија, објави фотографија заедно со ќеркичката – бебенцето Андреа кое на свет дојде пред месец и половина.
Анастасија е во оној мајчински период кога најмногу и е потребна на својата малечка принзеза, но најде време и за себе и разубавување.
Имено, таа објави фотографија со која се пофали со својата бујна, долга и раскошна коса, која и ја средил фризерот на Лила Филиповска – Владимир Трајковски.
Анастасија овој пат се пофали со најраскошниот дел на себе, а мора да признаеме дека во време кога вештачките коси се најупотребувани, Анастасија навистина може да се гордее со овој наубав украс.
Од приложената фотографија каде пејачката е свртена со грб, може да се забележи и дека нема проблем со килограмите по породувањето, иако помина релативно кусо време.
Дали за брзо ќе и се врати на кариерата и настапите, или пак ќе биде комплетно предадена на наследничката, ќе покаже времето.