Холивудската актерка Џулија Робертс повторно ја има фризурата што ја носеше на почетокот на нејзината кариера како Вивијан Вард во филмот од 1990.година.
Колку и филмови да сними, таа секогаш ќе ја носи титулата “Прекрасна жена”, има на филмот со кој ја освои најважната филмска награда Оскар. Беше бринета и русокоса, но остана запаметена како кадрава црвенокоса.
Сега таа се врати во нејзините корени, буквално, па својата коса ја обои во загасита нијанса на црвено. Причината поради која ги отфрли плавите прамени, кои ги негува со години, е улогата во драмата “Ben is Back”, која во моментов се снима во Њујорк.