Иако медицината напредуваше во голема мера, луѓето се повеќе се навраќаат на природните лекови за да го заштитат својот организам од штетното влијание на хемијата.
Маслото од дивото орегано уште од античко време е природен лек за разни здравствени проблеми. Неговите лековити својства биле познати дури и во времето на старите Грци, а го користеле какоантисептик.
Ова масло е едно од најсилните природни антибиотици, но поради неговата сила, неопходно е да се земе во предвид количината и секогаш мора да се меша со други хранливи масла.
Истражувањата покажаа дека маслото од оригано има силни антибактериски својства и успешно се бори со 30 бактерии, вклучувајќи ги и E. coli, кои предизвикуваат многу здравствени проблеми. Подеднакво успешно ги санира и габичните заболувања. Често се користи во борбата против габите на ноктите и атлетските стапала. При надворешна употреба неопходно е да се измеша со други масла.
Маслото од оригано традиционално се користи против болните и нередовни менструации. Го стимулира протокот на крв и контракциите на матката и не се препорачува за трудни жени.
извор:divianarts