Живот и Стил

Како да препознаете зошто се дебелеете

Како да препознаете зошто се дебелеете

Прекумерната телезна тежина и угоеноста се водечки здравствени проблеми на модерното време.

Резултат е прекумерното таложење масно ткиво во организмот. Се дефинира со индекс на телесна маса (ИТМ), при што ИТМ >25 означува прекумерна телесна тежина, а >30 угоеност.

Најчеста причина за дебелеење е прекумерниот внес на калории преку храна проследено со недоволна физичка активност. За дебелината денес дополнително придонесува општата дигитализација и автоматизација на се што можеме да замислиме во секојдневниот живот.

Денес веќе нема телевизори без далечински управувач, а до пред неколку децении за да вклучите телевизор, но и за да ја промените програмата, требаше да се придвижите барем неколку чекрои.

Во времето на фиксните телефони, моравме да стоиме покрај телефонот, но и да му се приближиме за да се јавиме.

Угоеноста не е наивен проблем

Проблемот со дебелината е посебно изразен кај децата и адолесцентите. За разлика од возрасните, кај кои зголемувањето на телесната маса се одвува на сметка на зголемувањето на масните клетки, кај децата освен што се зголемуваат масните клетки, тие и се умножуваат, со што таквиот развој на дебелината подоцна многу потешко се лекува.

Освен прекумерниот внес на калории, различни форми на пореметувања на хормоналната рамнотежа можат да доведат до дебелеење.

Пореметувања на жлездите со внатрешно лачење (ендокрините жлезди) можат да доведат до прекумерно наталожување масно ткиво. Најчесто доаѓа до пореметување на функцијата на штитната жлезда, хипотиреоза (намалена функција на штитната жлезда), што најчесто се утврдува по месеци неконтролиран раст на телесната тежина.

Различни болести со прекумерно излачување кортизол како Кушинова болест или Кушинов синдром се манифестираат со дебелина.

И пореметувањтата на метаболизмот на јаглехидратите можат да доведат до дебелина или до отежнато задржување на постоечката тежина. Треба да се издели инсулинската резитенција, која долгорочно се поврзува со шеќерната болест, а погодува се помлади старосни групи.

Дебелината може да биде предизвикана и од проблеми во функционирањето на половите жлезди кај жените.Синдромот на отечени јајници во комбинација со инсулинска резистенција е плодно тло за раст на телесната тежина.

To top