Живот и Стил

Совети за здрава храна

Совети за здрава храна

1. Почнете го денот со една порција свежо овошје и чаша сок. Зошто?
За да се поттикне мокрењето и да се елиминираат токсините и нуспроизводите од телото.

2. Кога да јадете овошје?
Во утринските часови, како прв оброк! Овошје треба да се јаде половина до 1 час пред оброкот или 3 часа по ручекот! Зошто? Овошје е лесно сварливо и ако се јаде веднаш по оброкот гние од храната што претходно сме ја консумирале.

3. Овошје може да се јаде и навечер, но наутро како прв оброк е најпрепорачливо затоа што не е добро да јадете тешка и долго сварлива храна за појадок. Зашто?
Нашето тело има циклична структура:
а) Од 4-5 до 12 часот се чисти од сите нуспроизводи и токсини.
б) Од 12 до 20 часот нашиот организам прима храна.
в) Од 20 до 4-5 часот нашето тело ја користи храната што се внесува и хранливите материи од неа.

4. Концентрирани протеини (месо, живина, риба) не консумирајте во ист оброк со концентрирани јаглехидрати (тестенини, ориз, компири). Зошто?
Научниците откриле дека кога се внесуваат заедно имаат обратен ефект и целокупното нивно дејство е слабо. На пример, риба, месо или живина јадете заедно со порција салата, исто така тестенини, ориз или компири се консумираат со салата!

5. Секој ден јадете балансирани (биолошко ефективни) дневни оброци. Зошто?
За да ги внесете во вашиот организам потребните хранливи материи: протеини, јаглехидрати, незаситени масти, течности!

6. Кога да се земе последниот дневен оброк и зошто?
Минимум 3-4 часа пред спиење, за да се минимизира притисокот врз телото!

7. При приготвувањето оброци треба да се употребуваат т.н. ладно цедени масла, како што се маслиновото, сончогледовото и масла од соја. Зошто?
Бидејќи овие масла се одличен извор на корисни незаситени масни киселини неопходни за организмот.

8. Вашата телесна тежина поделете ја со 8 и ќе го добиете дневното количество течност (2 дл) што е неопходно да го испиете. (Ако вашата телесна тежина е 72 килограми, тоа значи дека треба да пиете 9×2 дл.)
Набљудувајте ја вашата урината ако е светла и транспарентна, тоа е знак дека пиете доволно течности. Ако урината е густа и со жолта боја, итно почнете да пиете најмалку 1,5 до 2 литри течност на ден!

9. Грижете се да внесете доволно, но не премногу (не повеќе од 25 г) влакна од различни извори! Јадете тестенини, ориз, компири и овошје! Зошто?
Влакната го штитат срцевиот мускул, го заздравуваат дигестивниот систем, ги одржуваат оптимална тежина и дозволениот холестерол, ја спречуваат појавата на висок крвен притисок и дијабетес, венски заболувања и рак.

10. Јадете по можност свежа храна (не замрзната), сезонски одгледувана во нашата област, таа се одгледува без пестициди и без ѓубрива!

11. Пијте свежо млеко (не трајно, бидејќи има голем број хемикалии) и ферментирани млечни производи: кефир, пробиотици и сурутка.

12. Јадете риба барем двапати неделно, затоа што таа е лесно сварлива и е богата со есенцијални амино киселини, есенцијални масти, како и со витамини и со минерали.

13. Секојдневно консумирајте ги дополнителните сугерирани дози витамин Ц, Е, комплекс витамини и минерали и олигоелементи. Зошто?
Бидејќи кај старите луѓе тешко може да се апсорбираат од храната сите потребни микронутриенти.

14. Задолжително секоjдневно треба да имате умерена физичка активност – одење, возење велосипед, пливање, гимнастика и фитнес.

15. Трудете се во семејството, соседството и во вашата животна средина, каде што живеете да ширите позитивна енергија. Така ќе го избегнете стресот и пред сѐ ќе го зачувате своето здравје.

Поврзани теми

To top