Живот и Стил

Бикот мачи со игнорирање, ракот навредува, лавот префрла вина

Бикот мачи со игнорирање, ракот навредува, лавот префрла вина

Секој хороскопски знак има нешто специфично по што е посебен и поинаков од останатите знаци во зодијакот.

Дознајте ги мааните на хороскопските знаци: 

Овен

Припадниците на овој знак се многу експлозивни поради нивната љубомора. Во врската со Овенот ве очекуваат многу проблеми. Тие сакаат да бараат причина за кавга и таму каде што таа не постои, најчесто поради својата посесивност и склони се кон импулсивни реакции и сцени пред другите. Вистински експерти се за пасивна агресија, па ако нешто не им е по волја, очекувајте дека ќе ви го извадат тоа низ нос на најлошиот можен начин.

Бик

Овој знак го мачи партнерот со игнорирање. Како и кај Овните, врската со Биковите најмногу ја нарушува љубомората. Пред партнерот глумат дека сè е во ред. Кавгата со нив ќе заврши само ако признаете дека Бикот е во право, бидејќи тој секогаш е најпаметен.

Близнаци

Никогаш не се задоволни. Превртливите припадници на овој знак во врската се најфокусирани на себе, а од друга страна, очекуваат постојано да се трудите околу нив. Намерно провоцираат љубомора, бидејќи сакаат кога некој трча по нив. Не им се непознати ниту тешките зборови и навреди.

Рак

Тие многу лесно се навредуваат, а тешко опростуваат. Најлошото нешто кај Раковите е тоа што можат да се навредат што и да им кажете. Опседнати се со мислењето на околината, а во лутина стануваат бесчувствителни и одмаздољубиви. Подготвени се засекогаш да го замразат оној кој ги повредил.

Лав

Секогаш наоѓаат оправдување за себе. Припадниците на овој знак ја препознаваат слабоста на својот партнер и секогаш кога се чувствуваат загрозено, ја префрлаат вината за да испаднат подобри. Стануваат ужасно напорни ако не добијат онолку внимание колку што сметаат дека заслужуваат.

Девица

Невозможно е да се исполнат очекувањата на Девиците. Секогаш критикуваат, а најлоши се кон љубовните партнери. Со оглед на тоа што се перфекционисти во љубовта, сè мора да биде онака како што си замислиле, а ако не е така, ќе бидат лошо расположени. Го проверуваат партнерот, а честопати се и посесивни.

Вага

Секогаш знаат повеќе од вас. Со нив, човек тешко може да знае на што е, бидејќи го менуваат ставот и расположението поради најмали ситници. Имаат еден куп правила во однос на тоа како нивниот партнер мора да се однесува, па дури и облекува. Сметаат дека партнерот мора да ги слуша за сè.

Скорпија

Тие не се постојани во љубовта, склони се кон флерт и афери, но и манипулации и лаги за да ја достигнат целта. Доколку им стапнете на нерви, ќе ја нападнат вашата самодоверба. Ако ги засрамите пред друштво, никогаш нема да ви го заборават тоа.

Стрелец

Тие секогаш се ставаат себеси на прво место. Иако се колнат на вечна љубов и посветеност, припадниците на овој знак го гледаат само она што ним им одговара и секогаш се обидуваат да ја свртат ситуацијата во своја корист. Ако згрешите, очекувајте дека ќе ви мудруваат, но ни случајно не се обидувајте да го сторите истото во обратна ситуација.

Јарец

Овој знак го излудуваат својот партнер со нивните очекувања. Може да мислат едно, да говорат нешто сосема друго, а да се однесуваат така што ништо нема да ви биде јасно. Во состојба се да ги скријат чувствата и инсистираат на тоа дека проблемот никогаш не е до нив.

Водолија

Водолиите не знаат што значи да се биде посветен партнер. Припадниците на овој знак толку се гордеат со својата индивидуалност што никој нема да се чувствува доволно сакано со нив. Обожаваат да се инаетат, но и да глумат за да ја постигнат целта. Ако се повредени, никогаш нема да го признаат тоа, но ќе ви вратат двоструко.

Риби

Своите стравови ги кријат со обвинувања. Свесни се за својата несебичност во љубовта, поради што се плашат дека нема да им возвратите со иста мера. Константно ја тестираат љубовта на партнерот, а љубоморни се и без вистинска причина. Сепак, тешко го признаваат тоа, а многу уверливо ќе ви наметнат чувство на вина.

To top